04 February, 2019

SaferInternetDay 2019

Подготовка за подршка на SID2019




01 October, 2017

Од педагошката служба за нас

Оперативен план за час
Што треба да  содржи  дневната подготовка!!!
         Идентификациони податоци
       Наставник____________________________
       Наставен предмет_____________________
       Година______паралелка_______
       Наставна тема__________________бр.____
      Наставна единица_____________________
       Број на час____дата___________________
      Тип на час
нова наставна содржина
 тематско повторување и утврдување (се пишува темата)
 вежби (се пишува темата)
 писмена работа, есеј, писмена вежба, контролни прашања и задачи ( не стои само ТЕСТ)
         Цели на часот
На пример за наставна содржина Вовед во наставниот материјал
Ученикот/Ученичката:
да
се запознае со програмата
со п
отребните помагала, учебници
начинот на работа и оценување
         Наставни форми
         фронтална 
         групна
         работа во парови
         индивидуална
         Наставни методи
монолошко-дијалошка метода
демонстративна метода
аудиовизуелна метода
лабараториска метода
текст метода 
метода на нагледност
аналитичка метода
проект метода
истражувачка метода
 
         Наставни техники
       УПФТУлога, Публика,Форма и Тема
       УПЦУУченички Прашања за Целисходно Учење
       ЗСНУ- Знам,Сакам да знам,Научив  и  Уште сакам да знам
      Мрежа   на дискусија и дебата
       Самопрашување
       Дневник во две колони
       Соработка и комуникација
       Бура на идеи
       Истражувачки проект
       Водич за очекување / реакцијаразвивање на критичко мислење
       Техники за интервјуирање
       Усна историјаводење, анализирање и толкување
       Градење партнерства меѓу училиштата и заедницата
       Водење ученички дневник
       Играње улоги 
       Користење визуелни помагала
         Наставни средства и помагала
(учебник, соодветни линк адреси...)
         Корелација и интегрирани наставни содржини
(со наставни предмети и со програми од годишната програма на училиштето,Пример: Еко планирања, Меѓуетничка интеграција, Училиште без насилство и сл)

    Активирање на претходно значење ( ВОВЕД )
     Создавање на значење ( ГЛАВЕН ДЕЛ )
    Вреднување и примена ( ЗАВРШЕН ДЕЛ )
o       да има оценување на учениците
o       формативно или сумативно оценување
o       домашна задача
         Самоевалуација
Напомена:
         Примена на ИКТ најмалку 30%  кај секој наставен предмет
         Е-содржини- задолжително страната што ја користи (изворот на информација)
         Менторите да направат програма со која ќе ги информираат приправниците кои ги менторираат за сите обуки и примената на техниките

26 September, 2017

Годишна програма за ПРВА година 
за Образование за животни вештини


Годишна програма за ВТОРА година 
за Образование за животни вештини 

Годишна програма за ТРЕТА година 
за Образование за животни вештини 

Годишна програма за ЧЕТВРТА година 
за Образование за животни вештини

07 September, 2015

Календар за учебната 2015/16година

Не е ставен ден за патронатот , 2 Ноември е во понеделник но дали е биде во понеделник или петок дополнително ќе се договараме

04 December, 2014


Општи стандарди на компетенции на наставниците за примена на ИКТ во воспитно- образовната работа во училиштето:

-Вклучува компјутер и работи со тастатура и глушец.
-Внесува, копира, снима разни видови на податоци.
-Работи со текст процесор.
-Прилагодува методи на работа кон секој ученик.
-Обезбедува различни извори за учење со примена на ИКТ кои соодветствуваат на различните стилови и приоди во учењето.
-Создава услови за учење преку решавање проблеми.
-Континуирано го следи, евидентира, анализира напредувањето на учениците.
-Планира, евидентира, вреднува - наставни, воннаставни и вонучилишни активности со помош на ИКТ.
-Планира и развива програми за ученици со посебни потреби.
-Пребарува на Интернет.
-Користи електронска пошта (е-маил).
-Владее со програмски пакети.
-Планира видови на технолошка поддршка на процесите на учење и поучување.
-Користи различни видови бази на податоци.
-Планира вид и обем на активности на учениците со примена на ИКТ.
-Планира стратегии за реализација на поставените цели.
-Користи образовен софтвер за потребите на наставата.
-Изработува соодветни инструменти за следење и вреднување на ефектите од работата на учениците.
-Дизајнира активно истражување на учениците помагајќи им да поставуваат и решаваат проблеми.
-Бара веб-информации.
-Креира мултимедијални презентации.
-Се вклучува во разни видеоконференции.
-Дизајнира веб-страница.